НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Приказната за осумнаесет годишниот кловнот Тито кој го ризикува животот за да ги насмее децата во Газа и покрај трагедијата и болката во неговиот живот

0
By Zoran Ivanov on August 5, 2025 СВЕТ, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во време кога повеќето од неговите врсници одат на училиште, се занимаваат со спорт или со социјални мрежи, 18-годишниот детски кловн од Газа, познат под уметничкото име Вујко Тито, секојдневно го ризикува својот живот за да ги насмее децата соочени со воените ужаси.

Неговата работа? Да предизвика насмевка на лицата на најмалите во регионот каде тоа стана речиси невозможно.

„Давам сè од себе да им ја вратам радоста на децата“

„Имам многу необичен живот“, ја започнува својата приказна овој млад човек, кој веќе шест години работи како детски забавувач, облечен во шарени комбинезони, цветен цилиндричен капел и задолжителен црвен кловнски нос. Она што почнало како игра со неговиот вујко, кој му го дал и прекарот Вујко Тито, станало негов животен мисија.

Но, неговата позадина е далеку од вообичаената детска бајка. Роден и израснат во северна Газа, Тито е ученик на „Gaza Circus School“ – школа која се занимава со циркуски уметности и психосоцијална поддршка за деца.

Денес, кога голем дел од северна Газа е срамнет со земја од израелските бомбардирања, неговата улога на кловн станува необично важна и трагично допирачка. „Не знам дали повторно ќе ги видам децата, но давам сè од себе барем за миг да им ја вратам радоста“.

Кловн среде рушевини

Во реалност во која водата и храната станаа луксуз, Тито секое утро го облекува својот кловновски костум и, заедно со група волонтери, тргнува кон центрите за раселени лица. Таму, меѓу илјадници деца кои ги загубиле домовите, а многумина и родителите, тој изведува точки полни со смеа и траг надеж: магии во кои предметите исчезнуваат, смешни падови, трки со велосипеди и игри преку кои децата учат, барем за момент заборавајќи на војната околу себе.

„Газа има една од најмладите популации во светот – речиси половина од луѓето тука се помлади од 18 години. А менталното здравје им е сосема уништено“, вели Тито.

Истражување на локална невладина организација, поддржано од „War Child Alliance“, откри страшни податоци:

• 96% од децата сметаат дека им заканува непосредна смрт

• 79% имаат ноќни мори

• 72% покажуваат знаци на агресија

• 49% од децата велат дека сакаат да умрат

Се проценува дека повеќе од 17.000 деца се без придружба, бидејќи им се убиени или исчезнати родителите. „Тоа се единствените моменти кога се насмевнуваат. Можеби мојот настап им е единствената добра работа во денот“, признава Тито.

Среде кловновскат насмевка – лична трагедија

Но, покрај шарените костуми и привидно весела мисија, Тито не ги крие болката и страдањето.

„Денес беше еден од најтешките денови. Не јадевме. Се обидував да најдам храна за моите мали сестри. Нашата куќа е уништена, сега живееме во засолниште. Ние сме седуммина. Среќни сме што сме живи.“ Опиша како во позадина често се слушаат дронови и експлозии. „Бомбардирањето не престанува.“ Еднаш биле погодени додека настапувал во училиште. Неговото семејство веќе беило рането пред да им биде уништен домот.

„Денес дознавме дека починал сопругот на мојата постара сестра Шахд. Не можам да ја опишам таа болка“, признал Тито.

„Сакам да ги насмеам сите деца во светот“

И покрај војната, Тито верува дека го пронашол својот животен повик – да им подарува на децата детство кое им е одземено. „Верувам дека смеата може да го надвладее звукот на дроновите. Верувам дека секоја насмевка е чин на отпор. Ја сакам својата работа затоа што им давам на децата она што никој друг не може – надеж.“

За крај порачува: „Сонувам дека еден ден ќе можам да ги насмеам сите деца во светот. Се надевам дека луѓето ќе нè слушнат. Децата во Газа заслужуваат радост, заслужуваат живот.“

Текстот е сопственост на Индепендент

газа деца кловн
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.