Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Приказната за штипјанката што скокна по крстот пред публиката на Берлинале

0
By Нова ТВ on February 10, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонскиот филм „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска, што е во официјалната конкуренција на Берлинскиот филмски фестивал, денеска во 9 часот беше прикажан пред новинарите и филмската критика. Проекцијата беше проследена со аплауз, а прес-конференцијата предизвика голем интерес кај новинарите, јави МИА од Берлин.

На бројните прашања одговараа режисерката Стругар Митевска, продуцентката и актерка Лабина Митевска, актерката Зорица Нушева и сценаристката Елма Татарагиќ.

Оваа приказна е снимена по веродостоен настан што се случил во Штип, кога жена скокнала по крстот за Водици во река, предизвика лавина од прашања за позицијата на жената во малите средини и воопшто за севкупниот менталитет на малите средини.

– Овој вистински настан беше за мене голема провокација да го сработам на филм. Тука приказната е повеќеслојна и отвора многу прашања за македонското општество. Ликот на Петрунија е сложен и оваа хероина со нејзиниот пркос се обидува да ја смени свеста и погледот на нештата заробени во традиционалните рамки, рече Стругар Митевска на денешната прес-конференција, пренесува МИА.

За актерка Зорица Нушева која првпат се појавува на големото платно, било лесно да се игра Петрунија бидејќи таа препознала многу сличности во карактерот.

– Голем предизвик беше да се одигра Петрунија. Таа е олицетворение на храбра жена која се обидува да ја смени својата позицијата во односот на семејството и институциите, рече Нушева.

Премиера на „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ е закажана за попладнево, а за време на Берлинскиот филмски фестивал се предвидени осум проекции.

Сценариото е на Стругар Митевска и Елма Татарагиќ, а во улогите покрај Нушева играат и Мони Дамевски, Суад Беговски, Стефан Вусиќ, Џевдет Јашари, Виолета Шапковска, Лабина Митевска. Директор на фотографија е Вирџини Сент-Мартен, а сценографијата е на Вук Митевски.

Филмот од македонска страна е поддржан од Агенцијата за филм, а во копродукција се Словенија, Хрватска и Белгија. Филмот доби поддршка од повеќе европски фондови меѓу кои „Еуроимаж“ и програмата на Кретивна Европа МЕДИА.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.