Поројниот дожд проследен со град, кој вчера го зафати Прилеп, предизвика поплави на повеќе места во градот.
Улици и автомобили пливаат во вода. Уште нема конкретни информации за предизвиканите материјални штети, но невремето предизвика отежнато движење и метеж во сообраќајот.
Силно невреме проследено со електрични празнења вчера го зафати и Берово, каде на два наврати паѓаше град со големина, илустративно, од лешник до јајце.
Времето во текот на ноќните часови се стабилизира. Денеска е посвежно, но сончево со мала доумерена облачност и со услови за локален краткотраен дожд, со ретки грмежи и ветер, повеќе во источните делови.
Темепратурите ќе се движат од 29 до 35 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со услови за краткотраен дожд, а температурата ќе се движи до 33 степени.