Принцот Филип се чувствува “удобно и во добар дух” во болницата, каде што го помина својот 92 роденден, јавува Скај Њуз.
Војводата од Единбург се опоравува во лондонската клиника во Харли Стрит, каде што тој беше подложен на прелиминарна операција на стомакот во петокот.
Тој веројатно ќе остане во болница до две недели, а потоа ќе потрае “период на закрепнување од околу два месеци”, се вели во соопштението издадено од Бакингемската палата.
Кралицата, којa го помина викендот во Виндзор замокот добива редовни информации за здравјето на нејзиниот сопруг, се очекува да го посети Војводата подоцна.
Претходно, Принцот Едвард беше виден како влегува во болница – прв член на кралското семејство да го стори тоа откако неговиот татко беше хоспитализиран .
Принцот, чија посета траеше околу 20 минути, беше запрашан од новинарите како неговиот татко се чусвтвува и ој одговори: “. Добро, благодарам”