Авион на Бритиш Ервејз утринава принудно слета на лондонскиот аеродром Хитроу, откако беше констатиран технички проблем, јавува Би-Би-Си.
Двете писти на аеродромот беа затворени за одредено време, но јужната писта сега повторно е отворена. Во северниот дел, пистата останува затворена.
Бритиш ервејс рече дека авионот се завртел назад кратко време по напуштањето на норвешкиот главен град, Осло “, поради техничка грешка.”
Ербас A319 авионот носел 75 патници, јави авиокомпанијата. Тие беа евакуирани од авионот со користење на скалите за итно симнување.
“Сите патници и членови на екипажот се безбедно евакуирани од авионот кој се наоѓа на северниот дел на пистата”, е напишано на официјалната страна на Хитроу на Твитер.
Лондонската противпожарна бригада изјави дека екипажот помагал на аеродромската противпожарна служба да го изгасне авионот од пожар. “Ние веруваме дека огнот е сега изгаснат”, напишаа на Твитер.