Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Приоритети 3-6-9: ДИК, списокот и поделба на државата од партијата

0
By Нова ТВ on July 21, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

100 лица организирани во 10 работни групи ќе ја следат реализацијата на планот „3-6-9”, во рамките на новосоздадениот систем за мониторинг, спроведување и информирање. Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, денеска на трибината со граќанскиот сектор за имплементацијата на Планот, рече дека првото тримесечје вклучува вкупно 73 мерки.

-Планот во првиот квартал предвидува 73 мерки во 11 полиња. Најмногу има во судството, некаде околу 13 мерки, 11 за локалните избори, 9 за Собранието и останати кои треба да се реализираат. Целта на оваа тематска трибина е да се претстави системот за имплементирање на овие 73 мерки, за што е потребна поддршка од невладиниот сектор, од сите. Системот ќе го координира Секретарот за европски прашања и јас како координатор на овој план, рече Османи.

Вицепремиерот Османи уште еднаш истакна дека темата на евроинтеграциите треба да се сфати како натпартиска, надетничка и наднационална.

Од невладиниот сектор, пак, побараа планот 3-6-9 да предвиди и мерки за тоа како Владата ќе соработува со нив, и тоа да не го остава на неформални механизми како што е сега случајот.

– Иако има волја за соработка, ние како граѓански сектор не можеме да си дозволиме тоа да биде оставено на добра волја. На почетокот на јули група од 73 организации го ревидираа овој документ, значи се вклучија 126 експерти и видовме дека треба да се подготват мерки од 3-6-9 до 12 месеци приоритети. Полињата се проширија од тоа што иницијално започна. Сега имаме покриено 15 полиња, од деветте почетно покриени, рече Ардита Абази од Институтот за европска политика.

Владата според Османи, ќе работи паралелно на две насоки: првата е реализирање на Планот 3-6-9, а втората се меѓуетничките односи и односите со соседните земји, каде освен законот за употреба на јазиците што ќе биде усвоен во овој квартал, се вклучува и Договорот за добрососедство со Бугарија и чекори за решавање на прашањето на името со Грција.

-Добро е што сме блиску до потпишување договор со Р. Бугарија. Затвораме едно важно прашање кое е пречка на патот на евроинтеграциите и со тоа го покажуваме пристапот кој го има Владата по однос на овие прашања. Владите и лидерите се избрани за да водат и да носат храбри политички одлуки, а не одлуки кои ќе им донесат само рејтинг во јавноста. Има некои прашања кои што се емоционални. Кога има емоции нема рационалност. Владите не се избрани да се водат по дневно-политичките емоции туку рационално да ја гледаат иднината на народот и државата во наредните 10, 100 години, рече Османи.

Одговарајќи на новинарско прашање Османи истакна дека изборите ќе бидат првиот тест дали оваа влада е различна, а со оглед дека се работи за краток рок нема да се оди на системски реформи кои бараат промени на закони.

– Главно тоа се мерки за внатрешна консолидација на ДИК, ажурирање на Избирачкиот список и мерки за одвојување на државата од партијата. Тие 11 мерки се предвидени во овој дел за спроведување до одржување на локалните избори, појасни Османи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.