Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Припадници на специјалните сили на Северна Македонија учествуваат во воена вежба во Грција

0
By Zoran Ivanov on March 12, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Припадници на специјалните сили на Северна Македонија, заедно со специјалните сили од уште седум земји и домаќинот Грција, учествуваат во воената вежба „TROJAN FOOTPRINT (TFP) – 24“, што се одржува на грчка територија во рамките на НАТО вежбата „STEADFAST DEFENDER – 24“, јави дописничката на МИА од Атина.

Вежбата на специјалните сили – силите за специјални операции „TROJAN FOOTPRINT (TFP) – 24“, започна на 28 февруари и ќе трае до 15 март, учествуваат специјални сили и средства на Командата за специјални војни на грчката армија, како и припадници и средства од Албанија, Бугарија, Франција, Република Северна Македонија, Велика Британија, САД, Италија и Црна Гора.

Синоќа, на отворениот ден, вежбата на островот Евија ја следеа министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас и началникот на Генералштабот на грчката одбрана Димитрис Хупис.

Вечерва имавме можност да го видиме исклучителното ниво на професионализам на нашите специјални сили, жени и мажи, но и на специјалните сили од земјите пријатели кои се овде во Грција и се обучуваат со нас, за соработката која е заемно корисна, која има за цел да обезбеди безбедност, стабилност и просперитет на нашите држави и народи, во овој сложен, опасен и брзо менувачки свет, истакна Дендиас.

За време на вежбата, како што информираа од Генералштабот на грчката одбрана, учесниците имаат можност да вежбаат во сложени оперативни сценарија, кои придонесуваат за зголемување на борбената способност, како и за подобрување на интероперабилноста на специјалните сили – силите за специјални операции.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025
ФОКУС

Кијив: Големи руски напади ја прекинаа струјата во украинскиот главен град и во повеќе други региони на земјата

ВЕСТИ October 15, 2025

Руските ракетни и беспилотни летала извршени во текот на ноќта предизвикаа прекини во електричната енергија…

Фон дер Лајен: Целосно стоиме зад вас, топката е во вашиот двор

October 15, 2025

Филипче: До крајот на годината буџетската дупка ќе изнесува 1,4 милијарди евра

October 15, 2025

Донации во пари за првите десет дена од кампањата за локалните – за ВМРО-ДПМНЕ 423.000 евра, за СДСМ 7.000 евра

October 14, 2025
ТИКЕР

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.