Поранешнa холивудскa двојничка ја тужи Њуз Корп (News Corp), обвинувајќи ја компанијата за хакирање на нејзиниот телефон, јавува Би-Би-Си. Основач, директор и претседавач на бордот на Њуз Корп е контроверзниот медиумски барон Руперт Мурдок.
Тужбата, која е прво такво барање од САД, беше поднесена од страна на Јунис Хатхарт, поранешна двојничка на холивудската ѕвезда Анџелина Џоли, на филмовите Баран, г-дин и г-ѓа Смит, и Лара Крофт: Томб Рајдер.
Во тужбата, жител на Ливерпул тврди дека пораки од семејството, пријателите и г-ѓа Џоли биле пресретнати и во некои случаи избришани.
Њуз Корп веднаш не одговорила на барањата за коментар на Би-Би-Си.
Во граѓанската тужба поднесена на 13 јуни, г-ѓа Хатхарт бара отштета за прекршување на федералните и калифорниските закони и “упад во приватни работи”.