Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пристигна Годар – добитничката на „Златна камера 300“

0
By Нова ТВ on September 19, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Битола рано утрово пристигна француската кинематограферка Ањес Годар која утревечер, на затворањето на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, ќе ја прими Специјалната награда „Златна камера 300“.

Во 34-годишната историја на фестивалот Годар е прва жена-директор на фотографија што ќе ја добие оваа награда која се доделува за особен придонес во светската филмска уметност.

Во хотелот „Епинал“ Годар беше пречекана од претставници на фестивалот. Утре во 10.30 во малата сала на Центарот за култура-Битола таа ќе одржи мастер-час во придружба на Најџел Волтерс, претседателот на Европската федерација на кинематографери-ИМАГО.

Годар поседува исклучителен опус од над 40 филмски наслови снимени со еминентни француски режисери, од кои особено е важен двоецот со угледната режисерка Клер Дени. Дени-Годар е еден од најплодните тандеми на две дами-уметници, и по однос на креативноста, и по однос на остварените филмски наслови.

ИФФК ги издвојува „Копилиња“ (2013), прикажан во престижната програма „Извесен поглед“ на фестивалот во Кан, и „Добра работа“ (1999), кој на Годар, покрај номинација за наградата на Европската филмска академија, и ги донесе и наградите „Цезар“, наградата од американските филмски критичари, Chlotrudis, која ја доби и за филмот „Петок навечер“ (2002).

Првата средба на Ањес Годар со Клер Дени била за време на снимањето на филмовите на Вим Вендерс – Дени во улога на асистентка на Вендерс, а Годар како асистентка на камера на легендарниот кинематографер Анри Алекан. Така, Годар била член на екипата на двата најпознати филма на Вендерс „Состојба на нештата“ (1982) и „Небото над Берлин“ (1987).

Како асистентка на камера, но овојпат под супервизија на кинематограферот Роби Милер, ја продолжила соработката со Вендерс и во „Париз Тексас“ (1984) и „Над облаците“ (1995). Своето драгоцено искуство Годар го градела и во асистенција на друг великан на камерата, Саша Виерни, во двата филма на британскиот режисер Питер Гринавеј „з и две нули“ (1985) и „Стомакот на архитектот“ (1987).

Меѓу насловите од самостојната кариера на кинематограферката Ањес Годар се „Дом“ (2008) на австриската режисерка Урсула Мајер, „Сите момчиња и девојки на нивната возраст“ (1994), „Сонишниот живот на ангелите“ (1998) во режија на Ерик Зонка, и „Заскитани“ (2003) на францускиот режисер Андре Тешине.

Ањес Годар е родена во 1951 во гратчето Дун-на-Орон, Шер, Франција. На почетокот студирала новинарство, но подоцна се префрлила на филмски студии и дипломирала на престижната париска школа ИДХЕЦ во 1980 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.