Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пристигнува втората пратка вакцини од Србија

0
By Нова ТВ on February 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за здравство Венко Филипче денеска, на граничниот премин Табановце ќе ја пречека делегацијата предводена од неговиот српски колега Златибор Лончар, кој ќе ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата „Фајзер“.

Првата пратка од Србија пристигна на 14 февруари, а на примопредавањето на донацијата од 4 680 вакцини присуствуваа премиерот Зоран Заев и српскиот претседателот Александар Вучиќ.

Преговорите за донација од 8.000 вакцини од Србија почнаа на средината на јануари.

Со вакцините на „Фајзер“ кај нас почна процесот на имунизација, првично со вакцинирање на здравствените работници. Следни за вакцинација се ризичните групи граѓани над 70 години.

Последните податоци покажуваат дека 1274 здравствени работници примиле вакцина против Ковид-19. Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје.

Преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ 63075 лица се пријавиле за вакцинација, а 39 003 граѓани преку матичен лекар, посочија вчера од Министерството за здравство.

До крајот на неделава се очекуваат и 200 000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“. Државата ќе порача дополнителни 100 000 вакцини „Спутник“, најави завчера премиерот Зоран Заев, кој рече дека се прават напори во земјава што поскоро да стасаат вакцини од сите производители.

Владата очекува преку КОВАКС механизмот да пристигнат вакцини од „Модерна“ и од „Астра Зенека“.

Во исчекување на новите вакцини, епидемиолошката слика и натаму стабилна, со исклучок на градовите Прилеп, Охрид и Кавадарци каде што, по појавата на британскиот сој на вирусот, се зголеми бројот на новозаразени. Според вчерашните податоци, бројот на активни случаи во Прилеп е 492, Кавадраци-466, а Охрид – 405.  Во Скопје и натаму има најмногу ковид-дијагностицирани и тоа 3018. Вкупниот број на активни случаи во државата е 6.736.

Вчера беа регистрирани нови 509 случаи од 2 813 тестирања, девет починати и 354 оздравени пациенти

Досега во земјата се направени вкупно 506 378 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 99917, бројката на оздравени пациенти е 90096, а на починати е 3085.

На инфективните оддели во земјава се лекуваат 658 пациенти со Ковид-19. Вкупниот број пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели низ земјава е 658 и има околу 415 празни болнички кревети.

Во Скопје во болниците се лекуваат 254 лица, а во ковид-центрите низ државата 404.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 90 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти. На ГАК има една хоспитализирана ковид позитивна пациентка.

Бројот на приеми во изминативе денови во болниците во главниот град е стабилен и има 95 слободни места, информираа вчера од Министерството за здравство.

Модуларниот ковид-центар, кој почна да се гради во Кичево кон крајот на минатата година, вчера ги прими и првите пациенти заболени од Ковид-19. Ковид-центарот се протега на 700 метри квадратни и во него можат да се згрижат 45 пациенти.

МВР продолжува со казните за неносење маска. Во текот на претходното деноноќие биле регистрирани 386 прекршоци.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.

Досега во светот се регистрирани над 112 милиони позитивни на коронавирусот, околу 2,5 милиони починаа од Ковид-19, како оздравени се регистрирани околу 88 милиони лица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
ФОКУС

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

ВЕСТИ October 1, 2025

Нуклеарната централа Запорожје во Украина, најголемата во Европа, веќе седум дена е без надворешно електрично…

Хамас го проблематизира планот на Трамп за Газа

October 1, 2025

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

October 1, 2025

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

September 30, 2025
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.