Според првичните информации од МВР во синоќешната полициска акција во која биле успасени повеќемина вработени во Македонски пошти, истражен судија одредил мерка притвор за деветмина под сомнение за несовесно работење во службата.
Како што информираат од МВР за НОВА по двајца од осомничените полицијата трага.
Причина за апсењето е последниот филмски грабеж на поштата во Чаир на 26 Јули, кога двајца крадци украдоа 211 илјади евра и избегаа со веспи.
Меѓу уапсените е шефот на обезбедувањето на Пошта, двајца поштари, како и други луѓе чија задача била да се грижат за парите.
Официјални информации за акцијата, МВР најави за утре.