Полициската управа на Краљево соопшти дека Специјалната антитеротистичка единица по 10-часовната акција со преговарачкиот тим на Министерството за внатрешни работи, во неделата ноќта го привела Д.М. (1946) од Метикош кај Краљево, откако ранил две лица, а наоружан се затворил во семејната куќа.
Тој се терети за обид за убиство и недозволено поседување на оружје.
Д.М. вчера после 12 часот со ситрели од огнено оружје го рани Н.Џ. (1963) од Краљево кој му доставил храна, а околу 16.30 пукал со рафални истрели од автоматска пушка кон полицијата, го ранил полицискиот службеник Д.Р. (1965).
Како што соопштува полицијата увидот бил прекинат доцна синоќа поради лошите временски услови, а ќе продолжи денеска.