Истражен судија му изрече осум дена притвор на уредникот на порталот Охрид Скај, Сашо Деносовски, откако против него беше поднесена кривична пријава за заплашување и загрозување на безбедноста на градоначалнкиот на општина Охрид, Никола Бакрачевски.
Според информациите на МВР, уредникот на порталот барал да му се исплатат пари за услуги направени за општината во време кога ја раководел Александар Петрески.
Заканите ги упатил преку возач, вработен во општината.
Минатата недела, пак, Деносовски барал вакви услуги и од друг вработен во Општината, пред кого исто така се заканувал по животот на Бакрачески.
Пред три месеци, Денесовски заработи кривична пријава и за обид за физичка пресметка со директорот на комуналното претпријатие Сашо Алчев.