Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Притворот на Кежаровски – груба демонстрација на сила

0
By Сашка Цветковска on June 27, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Груба демонстрација на сила и ароганција, вака Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски ја оцени одлуката на истражниот судија да го продолжи притворот за нови 30 дена. Во присуство на претставницие на мисијата на ОБСЕ кои одблиску го следат случајот Кежаровски иницијативниот одбор на денешната прес конференција ги изнесе своите ставови околу продолжувањето на притворот,но ги најави идните чекори околу заложбите за правда за колегата Кежаровски на кој веќе му тече вториот месец зад решетки во Шутка поради напишан текст во кој властите го товарат дека пред пет години открил заштитен сведок.

Иницијативниот одбор најави посета кај Народниот правобранител Иџет Мемети, а од него ќе побараат да го испита случајот и да ја провери состојбата на Кежаровски во притвор.

– Од контактите со семејството знаеме дека психичката состојба на колегата Кежаровски е многу тешка, тој не може да се помири со фактот дека лежи во ќелија поради напишан текст, а дополнителен товар е и тешката егзистенционална и материјална состојба на неговите две малолетни деца и сопругата, забележа главниот и одговорен уредник на весникот „Нова Македонија“ Зоран Димитровск

– По сите реакции и сите укажувања од меѓународните и домашни релевантни институции и организации навистина не може поинаку да се протолкува освен како груба демонстрација на сила и ароганција, вели претседалката на ССНМ Тамара Чаусидис.

Насер Селмани, претседателот на Здружението на новинари и Билјана Петковска, директорот на МИМ истакнаа дека не прејидицираат дали Кежаровски е виновен или не, но дека притворот е неоснован, а мерката само дополнително ќе ги заплаши новинарите и ќе ги влоши состојбите во медиумите.

Новинарката Јадранка Костова рече дека од нејзиното искуство не се сеќава на друг ваков случај кој предизвикал толку многу реакции во меѓународните новинарски организации.

– Од сето ова досега лесно може да се прогнозира дека и натаму ќе тераат 30 по 30 дена притвор и лесно е да претпостави дека ваквото однесување ќе биде причина Македонија да забележи уште поголем пад на сите меѓународни индекси на слобода, рече Костова.

Иницијативниот одбор се уште чека одговор од Делегацијата на ЕУ во РМ по повиците од Репотерти без граници да го осуди притворот на Кежаровски и да разговара со сите чинители во институциите околу овој случај.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.