Пратеничката на СДСМ, Весна Бендевска предупредува дека во една од одредбите на Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, се вели 50 отсто од предвидениот буџет за медиумите, да им се даде на приватните телевизиски станици за изготовка на македонска продукција.
Таа, за НОВА вели, одредбата предвидува – веќе изготвената продукција потоа да може да биде откупувана од останатите радиодифузери, со што провладините медиуми на самиот буџет како екстра профит би додале дел и од евентуалната продажба.
Претходно Бендевска од собраниската говорница истакна: Зоран Трајчевски е веќе избран на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, еден човек ќе прима директни наредби од Груевски и фамилијата да спроведува ништо друго освен медиумски мрак – рече пратеничката.
Министерот за информатичко општество тврди дека надлежноста врз електронските публикации е само административна, а не и програмска.
Интернет медиумот пак ќе мора да биде пријавен да биде во Централен регистер и да има импресум, а според она што министерот Ивановски го зборуваше Агенцијата ќе нема надлежност сама да реагира, туку само по пријава на граѓанин.