Приведен е Слободан Близнаковски од ВМРО Народна
Координаторот на ИЕ 3 и член на Извршниот Комитет на ВМРО-Народна партија господин Слободан Близнаковски по одржување на партиски состанок со ОК Велес во Велес е приведен од страна на полицијата и лишен од слобода без претходно објаснување од страна на органите на полицијата, соопштија од ВМРО Народна партија
ВМРО-Народна партија реагира на ваквиот однос од страна на полицијата и бараме да се однесуваат според законските обврски и да ги почитуваат загарантираните човекови права.
Причините за лишувањето од слобода на Близнаковски засега се непознати за јавноста.