З.Ј. бил баран со меѓународна потерница по судска наредба за издржување казна затвор од седум години за сторено кривично дело по член 237 став 4 во врска со член 1 од Кривичниот законик, информира Министерството за внатрешни работи.
Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка, вчера околу 17 часот во Гевгелија го привеле З.Ј. (41) од село Миравци, баран со меѓународна потерница.
– З.Ј. бил баран со меѓународна потерница по судска наредба за издржување казна затвор од седум години за сторено кривично дело по член 237 став 4 во врска со член 1 од Кривичниот законик, информира Министерството за внатрешни работи.
Тој е спроведен во казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.