Ноќеска (17 март) околу 1 часот и 40 минути, на крстосницата на улиците „Видоја Смилевски-Бато“ и „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги привеле Л.М.(21) од Тетово и Г.Н.(25) и А.Ш.(24) од тетовско Шемшово, кои се превезувале со патничко моторно возило „пежо партнер“ со тетовски регистарски ознаки и се однесувале агресивно, додека двајца од нив немале и документи за идентификација.
Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и по документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.