Пробиени се тестовите по екстерно. Како што објави Телма, тестот кој стигнал до нив е по предметот македонски јазик.
Преку социјалните мрежи, средношколците ги добиле тестовите по физика, хемија и биологија, и тоа за прва и трета година.
„Ваквите обвинувања ги отфрлаат од Државниот испитен центар. Дел од директорите на училиштата не сакаа да ги коментираат тврдењата на дел од учениците за пробивање на тестовите, иако оставаат простор за сомнеж. Им било чудно, како што ни рекоа некои од нив кои сакаа да останат анонимни, дека средношколците завршиле со решавањето на тестовите по македонски, физика, хемија и билогија за само 15 минути, а особено биле изнадени кога подеднакво брзо одговориле на прашањата и учениците со ниски оценки“, пренесува Телма.
Според ЛДП, последиците од овој, како што го нарекоа неквалитетен проект ќе бидат штетни и долгорочни по сите субјекти во процесот. Особено се загрижени од фактот дека и покрај сите пропусти и недостатоци надлежните инстититуции не покажале подготвеност за анализа за сите грешки.