Институциите се уште не можат да се договорат дали и каде ќе се лекува деветгодишната Тамара Димовска која има тежок деформитет на рбетниот столб и е потребна итна операција во странство.
Министерството, Фондот за здравство и Комисијата во Фондот излегуваат со контрадикторни информации, а за тоа време здравствената состојба на Тамара е драстично влошена.
За недоговорноста на институциите, во ПРОЦЕС зборува нејзината мајка Жаклина Димовска. Семејството во кое и двете деца имаат сериозни здравствени проблеми е подготвено да бара азил за да можат да ги лекуваат децата во странство.
За случајот од правен аспект, за неправдите кои и се направени на девојчето, но и како да и се помогне, зборува Христина Шулевска од Хелсиншкиот комитет.