Како прислушуваните разговори открија вистински настан за време на локалните избори во Охрид, а човекот кој бил пресретнат од „барабите“,како што ги нарекува министерката Јанкуловска, од лежува казна затвор од шест месеци за напад на службени лица.
Како Внатрешната контрола на МВР се става во функција на партиски задачи, a kаква треба да биде нејзината вистинска функција. Како измените на закон за полиција и употреба да гумени куршуми, електрични парализатори и другиот сет на опрема, може да влијаат на работата на Внатрешната контрола на МВР. На оваа тема во ПРОЦЕС разговараме со Фросина Ременски професорка на Факултетот за безбедност и потпретседател на СДСМ и Павле Богоевски од Хелсиншкиот комитет.