Околу 10 до 12 проценти од луѓето имаат дислексија, односно тешкотии со читањето и учењето. Зошто образовниот систем не ја препознава дислексијата, а талентирани и над просек интелигентни деца, се нарекуваат мрзливи, се укоруваат и често пројавуваат асоцијално однесување, склоност кон криминал или пороци. Во ПРОЦЕС за себе зборуваат музичарот Бодин Попов и самоукиот сликар Кире Иванов, а гости во студиото се Дамјан Николовски, Здружение за дислексија Ајнштајн и Славица Тасевска Николовска тренер за дисплексија