Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продажбата на “Тесла” продолжува да паѓа – најлоши резултати во последните три години

0
By Zoran Ivanov on April 2, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Падот изнесува 13 проценти и е најголем во последните три години. Овие поразителни бројки за “Tesla” се резултат на комбинација од повеќе фактори – од застарената понуда и зајакнатата конкуренција до сè поизразениот бојкот, кој е последица на отворената поддршка на Маск за десницата. Ова е и предупредување за инвеститорите дека кварталниот финансиски извештај, кој се очекува подоцна овој месец, би можел да донесе разочарувачки резултати.

“Tesla” од јануари до март испорача вкупно 336.681 возило ширум светот. Аналитичарите анкетирани од “FactSet” очекуваа значително поголема бројка – околу 408.000. Во истиот период минатата година, продадени беа 387.000 возила. Падот е забележан и покрај агресивните попусти, можноста за купување без камата и другите поттикнувачки мерки.

Акциите на “Tesla” од средината на декември загубија речиси половина од својата вредност. Надежите за регулаторна попустливост и големи профити под претседателството на Доналд Трамп ги замени стравот дека бојкотот на автомобилите на Маск и другите проблеми би можеле сериозно да ѝ наштетат на компанијата.

Аналитичарите сè уште не се сигурни колкав точно дел од падот на продажбата се должи на бојкотот, а колку на другите фактори. Пазарот на електрични возила во целина бележи забавување, а “Tesla Model Y” – најпродаваниот автомобил на компанијата – се соочува со помал интерес, бидејќи купувачите ја чекаат неговата освежена верзија, која треба да пристигне подоцна оваа година.

Производителот на електрични возила со седиште во Остин, Тексас, во последно време изгуби дел од пазарниот удел во корист на конкурентите, чии модели стануваат сè поконкурентни. Меѓу нив е и кинескиот “BYD”, кој во март претстави технологија што овозможува полнење на батеријата за само неколку минути.

 

паѓа продажба Тесла
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.