Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжен притворот за екс-разузнавачот Богоевски

0
By Нова ТВ on August 17, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Завчера, на седница на Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 – Скопје, било донесено решение за продолжување на мерката притвор за четворица обвинети од акцијата Агент, во која е и поранешниот прв разузнавач Слободан Богоевски.

Мерката притворот е продолжена и за тројца обвинети- скопските адвокати Васко Томановиќ и Владимир Пешликоски, како и за уште еден обвинет кој се уште се води како недостапен за органите на прогонот.

Во меѓувреме, Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт за сите оние што беа опфатени со акцијата наречена „Агент“, со која се теретат за продажба на државно земјиште.

Поднесувањето на актот доаѓа по четиримесечна истрага за препродажбата на државно земјиште со површина од 19.000 квадратни метри во непосредна близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Обвинителниот акт се уште не е на правна сила, според наводите на македонските медиуми кои се повикуваат на скопскиот Кривичен суд. По неговата дистрибуција ќе почнат да течат роковите за жалба по актот што се однесува на обвинетите Слободан Богоевски, Васко Томановиќ, Владимир Пешликовски, Данела Трајковска, Ален Јегени и словенечкиот државјанин Митја Валич, а кои се товарат за кривични дела: перење пари и други приноси од казниво дело, фалсисификување исправа, употреба на исправа со невистинита содржина и злоупотреба на службената положба и овластување.

Инаку, Слободан Богоевски неодамна беше лустриран од Комисијата за верификација на факти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.