Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжува комисиската расправа за ребалансот на Буџетот, власта и опозицијата со спротивставени ставови

0
By Sashko on June 13, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собраниската Комисија за финансирање и буџет попладнево ја продолжи расправата за ребаланс на Буџетот за 2022 година. Според власта, со ребалансот се проектираат повеќе средства за поддршка на стандардот на граѓаните и се поддржува економска активност, а опозицијата останува на ставот дека буџетот е несоодветно димензиониран и се полни единствено на грбот на граѓаните.

Пратеничката од СДСМ, Лолита Ристова во својата реплика истакна дека и во време на светска економска криза, се инвестира во унапредување на инфраструктурата.

Таа додаде дека се инвестира и во канализациски и водоводни системи, како и во изградба на социјални станови, односно дека во овие четири години изградени или во фаза на изградба се 853 социјални станови во десетина општини и дека и тоа се важни капитални инвестиции.

Според пратеничката Марија Георгиевска од СДСМ, влијанието на ценовните притисоци врз домаќинствата ќе бидат неутрализирани преку зголемување на минимална плата и зголемување на пензиите.

Таа напомена дека проектираната годишна стапка на инфлацијата се очекува да биде 7,2 проценти, а, како што рече, се очекува цените во втората половина на годината постепено да почнат да се стабилизираат.

„Проекциите на Владата се дека економскиот раст на среден рок ќе се забрзува, а се очекува и пораст на извоз на среден рок, нешто помала би била стапката на раст на увозот. На среден рок се проектира да продолжи и растот на платите, а стапката на невработеност ќе продолжи да се намалува со проекција од 14,5 проценти за тековна година“, додаде Георгиевска.

Таа рече дека се планирани голем број на капитални проекти во делот на здравството и детската грижа, што ќе значи економски раст за државата. Фокусот, како што рече, ќе биде ставен на финансирање од меѓународните пазари.

Како што додаде, проектирани се повеќе средства од буџетот за поддршка на стандардот на граѓаните, а се поддржува и потрошувачка и економска активност. Напомена дека се очекува економска стабилизација веќе при крајот на оваа година или на почетокот на наредната година.

Според пратениците од владејачкото мнозинство, капиталните инвестиции остануваат на рекордно ниво, повисоко во однос на минатата година.

Според пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ребалансот на буџетот се однесува само да се зголеми јавниот долг, и тој се полни повторно на сметка на граѓаните, а единствен кој има бенефит од инфлацијата е Владата.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека основ за донесување на овој ребаланс е само потфрлање во капитални инвестиции и потреба од ново енормно задолжување.

Според опозицијата, секое усвојување на амандманите кои се поднесени од нивна страна ќе значи подобар живот за граѓаните.

Пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ во својата контрареплика напомена дека постои рекордно намалување на работно способно население во државата поради отселување и поради непријавување како активна работна сила. Како што напомена, постои историски невиден пад на економијата, а само оваа година се затвориле речиси 4.000 компании.

Со ребалансот на Буџетот, вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за околу 6,9 милијарди денари или 2,9 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Износот на вкупните расходи е 288,5 милијарди денари или за околу 161,1 милијарда денари (5,9 проценти) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година. Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,2 милијарди денари и се за околу шест милијарди денари пониски во однос на планот за 2022 година, но од власта најавуваат дека ќе продолжат проектите за изградба на патишта, железници, гасоводи, итн.

Во ребалансот на Буџетот предвидени се околу 70 милиони евра за антикризни мерки кои, како што најавуваа владини претставници во изминатиов период, ќе бидат таргетирани кон оние на кои им се најпотребни.

Седницата на матичната Комисија за финансирање и буџет што го разгледува ребалансот ќе продолжи по пауза од половина час.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.