Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжува реставрацијата на архитектурата на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново

0
By Нова ТВ on February 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со затоплување на времето и доаѓање на повисоки температури ќе продолжат активностите за конзервација и реставрација на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Преспанското село Курбиново, која датира од 12 век.

Храмот е карактеристичен по светски познатото сликарство направено на многу високо и естетско ниво. Таму се наоѓа еден од најубавите сликани ансамбли од крајот на 12 век во цела Европа. Има насликано неколку ангели, а еден од нив е насликан на 50 денарката. Фреската е еден од најпознатите мотиви, по убавината и начинот на сликање, како и староста од кога е направена, скоро илјада години.

Директорката на Завод и Музеј Битола, Мери Стојанова информира дека превентивната конзервација на ѕидното сликарство на ова значајно културно наследство, завршило минатата година и оти е почната конзервација и реставрацијата на архитектурата, но поради ниските температури активностите се прекинати.

– Активностите, кои се превземаат се во согласност со изготвениот и одобрен проект, кој вклучува комплетна конзервација и реставрација на објектот. Зафатите што се превземени до сега, вклучија: обивање на површините со старите и дотраени малтерни фуги, претходно означени во соработка со стручната комисија за надзор, означување на конструктивните пукнатини со помош на челични маркери, на поголемиот дел од ѕидните површини е завршена подготовката за инјектирање на ѕидните маси и исполнување на конструктивните пукнатини и слично, изјави Стојанова за МИА.

Проектот, додаде ќе се рализира во повеќе фази, во зависност од финансиите.

– Со оглед на тоа дека проектот за конзервација на ѕидното сликарство треба да се изработува оваа година, не може да се прецизира вкупната сума на средства неопходни за комплетна конзервација на архитектурата и на ѕидното сликарство, додаде директорката.

Поради оштетување на кровот на црквата имало голема концентрација на влага, што влијаеше негативно врз фрескоживописот, но проблемот беше надминат со поставување заштитен кров.

– Од периодот откако е поставен заштитниот кров воопшто немало прокиснувања во црквата, додека во претходниот период тие биле од мал размер. Влагата, пак, која била присутна и на ѕидовите, исто така е стабилизирана, така што сите оштетувања, кои се настанати се резултат на дотраеноста на материјалите, како на малтерните површини, така и на дрвените појасни греди, нарушување на конструкцијата и статиката на објектот, истакна Стојанова.

Во таа насока, според неа, се превземаат сите предвидени мерки како во делот на конзервација и реставрација на објектот, така и во наредниот период, во делот на конзервацијата на ѕидното сликарство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.