“Лефти и Рајти го спасуваат џемперчето Воли” е новата сликовница од циклусот: Приказни за облеките, каде што главните протагонисти се маичката Лефти и панталоните Рајти. Во новата сликовница која се
очекува да биде следна во низата, го запознаваме џемперчето Воли, скратено од Волненко.
Оваа сликовница ја напиша Наташа Дукоска која вели: “Отсекогаш сум имала посебен однос кон џемперите, кои нè топлат и ги носиме за секој случај, а Воли е едно прекрасно џемперче, кое е секогаш подготвено да се најде во ладно и во топло”.

Илустрациите и овој пат се на Хари Дудески, а издавач е „Чудна шума“.
Сликовницата се очекува да излезе од печат до крајот на годината и ќе биде достапна за нашите најмлади
читатели.
„Децата одлично ја прифатија првата сликовница од овој циклус и научија како да се грижат за своите
облеки, бидејќи и тие имаат живот“, информира авторката.