Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продуцентот Салковски и режисерот Изи: Тозија е нелигитимен претседател на ДФРМ

0
By Нова ТВ on April 3, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Актуелниот претседател на Друштвото на филмски професионалци на РМ е нелигитимен и не е законски претседавач со институцијата. Го нема депонирано сопствениот потпис и сите одлуки потпишани од Горјан Тозија се невалидни, објаснуваат во своето писмо до колегите, Томи Салковски и Игор Иванов, по повод закажаната седница за 4.април на Управиот одбор на ДФРМ во кој една од точките на дневен ред е и „извештај на претседателот на ДФРМ“.

Во писмото се вели:

„Почитувани колеги,

Ве известуваме дека закажаното собрание на Друштвото на филмски професионалци на РМ е нелигитимно и со крајно проблематични конотации.

Имено, во Централен регистар на РМ, како што може да видите од приложените документи, за претседател на друштвото фигурира Роберт Насков. Актуелниот претседател, бидејќи не е заведен во ЦРМ (четири и кусур години од стапување на функција) е практично нелегитимен и не е законски претседавач на оваа институција.

Тој го нема депонирано ниту сопствениот потпис, па оттаму сите одлуки потпишани од страна на Г. Тозија се невалидни. Воедно, управниот одбор кој има законска обврска да достави одлука за промена на структурата на друштвото, еве, веќе два изборни мандати го нема тоа направено.

Исто така, мандатот (иако нелегитимен), на актуелното раководство е истечен, а не постои точка на дневен ред за избор на нов претседател и орагани на управата…“, стои во писмото.


Салковски и Иванов уште потенцираат и дека на дневен ред во неколку наврати не се заведува точка на дневен ред за расправа за изборот на македонски претставник за наградата Оскар, кога комисијата во состав Горјан Тозија, Лабина Митевска, Сашко Коцев, Дуле Кардалевски и Игор Алексов – Битлс донесоа одлука Македонија да нема претставник.

>> Скопје Филм Студио: Срамна е одлуката за неучество на Оскар

– Од повеќемина стручњаци од областа на правото ни беше образложено дека поради нелегитимноста на претседателот и управниот одбор, имаме неоспориво право да ја отповикаме одлуката на комисијата, избрана од претседател без формален легитимитет, а со тоа да побараме и судска разврска, како и валоризација за нанесената штета (која патем е огромна и на финансиски и на професионален план) – стои понатаму во писмото на Салковски и Иванов до нивните колеги.

– Ова раководство, исто така тенденциозно и безскрупулозно, меѓу останатото сака да му го одземе на собранието (највисокиот орган на друштвото) правото за избор на директор на фестивалот Браќа Манаки, а таквото право да му припадне на управниот одбор. Тоа е уште една потврда за присвојување, елитизирање, претворање на оваа легендарна институција во „приватен посед“ за остварување лични интереси, велат тие, образложувајќи дека одбиваат учество на собранието закажано за 4.април бидејќи е поднесено од како што велат „нелигитимен претседател, нелигитимен управен одбор, за кои стојат нелигитимни одлуки“.

Продуцентот Салковски и режисерот Иванов бараат отповикување на Тозија и управниот одбор, без право на понатамошно учество во органите на управата, формирање на комисија со цел повикување на одговорност за недомаќинското работење, скандализирање и приватизирање на оваа институција, избор на комплетно ново раководство кое ќе работи според законите на РМ и статутот на ДФРМ и ќе ги нормализира состојбите, во корист на филмските работници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.