Проф. д-р Игор Неделковски кој е редовен професор на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола, освои најмногу гласови за нов ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“. Мандатот е тригодишен а почнува да го извршува од 1 октомври 2022 година.
Во изборната трка за ректорската позиција учествуваа петмина кандидати:
1. Данчевска д-р Верица, редовен професор
2. Димовски д-р Злате, редовен професор
3. Кекеновски д-р Јове, редовен професор
4. Кочоски д-р Љупче, редовен професор
5. Неделковски д-р Игор, редовен професор
Универзитетската изборна комисија прелиминарно констатира дека избраниот кандидат за ректор, проф. д-р Игор Неделковски освои 157 гласа, односно 11,046 поени, наспроти неговите противкандидати: проф. д-р Верица Данчевска со 21 глас или 1,233 поени, проф. д-р Злате Димовски со 26 гласови или 1,912 поени, проф. д-р Јове Кекеновски со 32 гласа или 2,316 поени и проф. д-р Љупче Кочоски кој освои 21 глас или 1,493 поени.
Според процедурата, има три дена рок за поднесување приговори од другите кандидати, конечните резултати УИК ќе ги објави на 7 јуни 2022 година.