Проф. д-р Борче Давитковски: Уставниот суд мора да реагира по допрен глас, да донесе времена мерка за стопирање на законот за локална самоуправа и да инсистира актуелната владеачка структура да спроведе регуларни избори за општините во кои градоначалници прават трансфер во извршната власт.
Согласно уставот, член 114, право е на граѓаните да се организираат во локалните заедници и да избираат свои претставници. Не на политичките партии. Кај нас стана мода политичките партии да го супституираат тоа право што е на граѓаните и да кажат „тоа е наше право“ и сега кажуваат некои бенигни причини.