Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проф. Шошана Зубоф: Надзорниот одбор на Фејсбук не е доволен

0
By НОВА ТВ on May 7, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пред два дена надзорниот одбор на компанијата Фејсбук (која е исто така сопственик на Инстаграм) одлучи дека ќе продолжи забраната за поранешниот претседател Доналд Трамп на нивните социјални медиуми Фејсбук и Инстаграм. Но овој пат компанијата не ги суспендираше акаунтите на поранешниот претседател на неопределено време како што гласеше иницијалната одлука туку изгледа дека овој одбор ќе треба повторно да донесе одлука вo рок од 6 месеци.

Имаше многу реакции околу оваа контроверзна одлука, меѓу кои и самиот Доналд Трамп кој го напиша следното на неговата нова веб страна „Директно од бирото на Доналд Џеј Трамп“: „Она што го направија Фејсбук, Твитер и Гугл е тотална срамота и е срам за нашата земја. Слободата на говорот му е одземена на претседателот на Соединетите Американски Држави затоа што радикалните леви лудаци се плашат од вистината, но вистината ќе излезе во секој случај, поголема и посилна од кога и да било порано.“

На неговата нова веб страна Доналд Трамп продолжува да ги шири лажните вести дека тој, а не демократскиот кандидат и сегашен претседател Џо Бајден, победил на претседателските избори во САД во 2020 – нешто што многумина сметаат ги предизвика нападите врз државните згради во Вашингтон, САД на 6ти Јануари, 2021 организирани од поддржувачи на Трамп и следбеници на движењето QAnon кое верува во теории на заговор каде умреа 5 луѓе.

Иако некои луѓе се радуваа на оваа одлука заради очигледната опасност која Трамп ја носи на социјалните медиуми, сепак можеби најинтересна реакција имаше Шошана Зубоф, професорка на Универзитетот Харвард. Зубоф ја напиша книгата „Ерата на надзорниот капитализам: Борбата за човечката иднина на новата граница на моќта“ каде таа зборува за механизмите низ кои големите технолошки компании како Гугл и Фејсбук собираат лични податоци од своите корисници, како заработуваат пари од таа екстракција на податоци, на кои начини тие им даваат таргетирани реклами и содржини на своите корисници итн. Во интервју со Democracy Now! Зубоф го кажа следното за забраната на Трамп и извршниот директор на Фејсбук Марк Цукенберг:

„Се чини дека овој таканаречен надзорен одбор, кој, се разбира, секој треба да го разбере, го формираше г-дин Цукерберг со инвестиција од 130 милиони долари и навистина е алатка што ќе му помогне да се ослободи од јавното право, да го задржи [Фејсбук] без регулатива.“

Односно Зубоф овде зборува за како надзорниот одбор на Фејбук кој ја донесе одлуката за забраната на Трамп е интерно регулативно тело на компанијата Фејсбук поставено од страна на Цукенберг и дека овој одбор е само еден вид на ПР кампања на компанијата за да може да одбегне било каква регулатива.

„Проблемот е во надзорниот капитализам и компаниите како Фејсбук кои зависат од тајното извлекување на податоците за однесувањето, што се претвораат во таргетирани и насочени реклами. Ова е многу погубна, екстрактивна, опасна, антидемократска економија што завладеа во последните 20 години,“ вели Зубоф која смета дека одлуки од вакви размери, како дали еден поранешен претседател на најголемата економија во светот има право да оперира на еден толку влијателен социјален медиум, треба да биде во рацете на владини тела кои се демократски дојдени на власт, а не на приватни компании.

Фејсбук е компанија која има проценета вредност од скоро 900 милијарди долари и практично не е надлежна на реални регулативи на самата технологија која ја користи од страна на било кои влади. Многумина сметаат дека е крајно време да се постават регулативи врз алгоритмите кои се една од клучните технолошки алатки преку кои социјалните медиуми заработуваат пари. Особено кога недемократски назначениот надзорен одбор на Фејсбук носи клучни одлуки како за забраната за Трамп, време е овие дебати да се отворат во јавноста, а и во државните институции и парламенти.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

ВЕСТИ October 7, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „донел одлука“ за продажба на ракети „Томахавк“ со…

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.