Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Професорите ја блокираат работата на Стоматолошки факултет

0
By Менче Атанасова Точи on June 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Професорите на Стоматолошкиот факултет од денеска нема да учествуваат во донесување на никакви одлуки  на Факултетот, се додека со него  раководи и претседава, како што велат, незаконски избраната вд. деканка проф. Мирјана Поповска. Тие одбиваат да учествуваат во работата на телата и органите, но ќе извршуваат наставна дејност. Со  ова се доведува во прашање функционирањето на Факултетот и запишувањето на студентите во идната академска година. Професорите кои денеска излегоа јавно, го повикаа ректорот Никола Јанкуловски да ја преиспита својата одлука и да го назначи регуларно избраниот декан професорот Ќиро Ивановски. На Академскиот проглас, се потпишани 23 професори од Стоматолошкиот факултет.

“Продолжуваме да ги извршуваме нашите педагошки активности, предавања , консултации и испити и с е што е во интерес на студентите. На ректорот Никола Јанкуловски му кажавме на неговото грубо погазување на автономијата на Универзитетот во однос на изборот на проф. Ќиро Ивановски за декан на Стоматолошки факултет кој со мнозинство на гласови го утврдивме на 12 декември минатата година. Упативме барање до ректорот да го назначи  Ивановски за декан, а на оваа наша иницијатива се приклучија и 220 студенти и специјализанти , како и мнозинството колеги избрани на научни и соработнички звања“, др. Силвана Георгиева професорка на Стоматолошки факултет.

Георгиева потенцира дека се свесни за последиците кои ќе произлезат од ова, но вели дека и покрај сите напори да с е надмине овој проблем во академски дух, одговорноста треба да се бара во ректорот. Факултетот вака како што е сега, со вд. Деканот не функционира, не е свикан наставно научен совет, ниту факултетска управа. Професорите велат дека воопшто не биле информирани за назначувањето на вд. Декан за што дознале случајно, пребарувајќи во архивата.

„Така ја дознавме вистината дека Стоматологија има вд. Декан“, рече Георгиева.

Регуларно избраниот декан проф. Ќиро Ивановски посочи дека ситуацијата ја испитувал просветниот инспекторат и Министерството за образование , каде што имало барање да се испита постапката на ректорот но досега нема никаков одговор.

„Мнозинството членови на наставно научниот совет одлучиле да не учествуваат во работата на органите и телата на Факултетот.  Ниедна од причините кои му даваат право на ректор да не ја потпише одлуката за назначување не е нарушена„, изјави професорот Ќиро Ивановски.

Причините за ваквата незаконска одлука на ректорот, да не го признае законски избраниот ректор не се познати, но се претпоставува дека лежат во учеството на Ивановски во Професорскиот пленум. НОВА побара објаснување од ректорот Никола Јанкуловски но, тој го одбегна одговорот и рече дека е на службен пат во Виена.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.