Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Професорите во Струмица поделени – едни на штрајк, други на екстерно

0
By Томе Христов on January 26, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од три средни училишта во Струмица, единствено во СОУ„ Димитар Влахов“ немаше екстерно тестирање. Најголем дел од професорите во струмичките училишта штрајкуваат, но дел од нив, како што ги нарекуваат штрајкбрехери, го спроведуваат екстерното тестирање на учениците од четврта година.

„Екстерно тестирање има и го реализираат колегите кои не штрајкуваат, во прашање се седум професори, но тоа според мене е многу контроверзно бидејќи има предметни наставници кои им предаваат на учениците, а истите денеска се тестатори, вели Верица Јанкова, професорка во СОУ„ Јане Сандански“.

Професорката Јанкова додаде уште еднаш дека не се против екстерното, туку против начинот на кој истото се реализира, односно како што вели, со еден тест да се оценува знаењето на учениците и ангажираноста на професорите.

Од училиштето изјавија дека по првата реализирана група на тестирање веќе двајца од професорите кои не ја бојкотирале наставата, се приклучиле кон штрајкот. Во следните два дена до кога е предвидено да се изврши тестирањето, наставниците од СОУ „Јане Сандански“, велат дека ќе продолжат со штрајкот.

Учениците кои веќе беа завршиле со тестирање велат дека екстерното е многу погрешен потег од страна на министерството.

„Прашањата се направени само со цел како да бидат казнети професорите “, вели Анастасија, ученичка од четврта година, која ни кажа дека прашањата можел да ги одговори дури и министерот за образование.

„Имаше прашања кои беа по двапати поставувани и не беа лесни како што беа најавувани претходно, вели ученичка од СОУ, Јане Сандански“.

Во средното техничко училиште „Никола Карев“, исто така осум наставници кои не го поддржуваат штрајкот, денеска го извршуваа екстерното тестирање. Единствено екстерно немаше во СОУ„Димитар Влахов“.

Таму учениците денеска се појавија на екстерното, но поради штрајкот на наставниците истите си заминаа.

Од регионалната подрачна единица на СОНК во Струмица, велат дека законски е казниво доколку наставници се присутни како тестатори, а истите држат предавање по предмет кој се полага на екстерното тестирање.

Денеска за време на тестирањето во сите средни училишта во Струмица беа присутни надворешни лица од Државниот испитен центар за надзор на екстерното тестирање.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
ФОКУС

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

СВЕТ September 27, 2025

Соединетите Американски Држави им презентираа на неколку арапски и муслимански лидери нацрт-план од 21 точка,…

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.