Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Профил на Виктор Лилчиќ наследникот на Паско Кузман

0
By Нова ТВ on July 31, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Професорот на Институтот за археологија, при Филозофскиот факултет Виктор Лилчиќ е новоназначениот директор на Управата за заштита на културното наследство, на местото на Паско Кузман кој се наоѓа во домашен притвор.

НОВА дојде до сознанија кои говорат дека голем дел од неговата истражувачка работа е посветена на антиката, со акцент на доцноантичкиот период.

Лилчиќ покрај своето активно учество во научно-истражувачки проекти зад себе има пишани дела меѓу кои книгата со наслов „Кралевите на античка Македонија и нивните монети во Република Македонија“, која рангирана меѓу најпродаваните, се продава по цена од 499 денари и тоа на веб страницата книгоиздателството Македонска цивилизација.

Основач заедно со сопругата е токму Виктор Лилчиќ, а Ј. Маневска Лилчиќ е постанева за директор. Ова книгоиздателство од своето основање, 01. 01 1994 година до денес печати речиси исклучиво публикации од доменот на македонската археологија. Меѓу нив е двојазичното научно списание Македонско Наследство/Macedonian Heritage.

На последниот Симпозиум на Македонското археолошко научно друштво одржан во септември минатата година професорот Виктор Лилчиќ зел активно учество со секцијата за антика и зборувал на тема „Раноантичка некропола Грамадје – Старо Бонче“.

На интернет енциклопедијата Википедиа во графата Античко кралкство Македонија стои запишано дека Лилчиќ интересот за античкото кралство го покажува за прв пат во стручната литература со монографијата „Кралевите на античка Македонија и нивните монети во Република Македонија“ (коавтор на Никола Шелдаров), публикувана во Скопје 1994 година.

Подоцна, во 1997 година, ги публикува своите истражувања за северната граница на кралството Македонија во Република Македонија во списанието Македонско наследство бр. 4 и резултатите од истражувањата на Походот на (последниот македонски крал) Персеј на Ускана во Македонско наследство бр. 14 во 2000 година.

Во 2004 година покренува научно-истражувачки проект Античкото кралство Македонија во Република Македонија при Филозофскиот факултет во Скопје со цел да се фокусира врз научно истражување на кралството Македонија во Република Македонија и да го сврти вниманието на научната и останатата јавност кон богатиот културен хоризонт на античка Македонија во Република Македонија.

Раноантичкиот културен хоризонт на Македонското кралство не претставува главен интерес на В. Лилчиќ, туку е тоа доцноантичкиот период. Сепак работејќи на доцноантичките тврдини и архитектонската камена пластика, како и на монетите на македонските кралеви, паралелно ги истражува и документира и македонските тврдини.

Токму затоа одлучува ограничено да се занимава со оваа тема во наредните неколку години до публикувањето на неколку монографии како резултат од истражувачките активности во горенаведениот проект.

Во 2008-та кај локалитетот Бонче, тимот архитекти предводени од Лилчиќ дојде до откритие за гробница на пелагониски крал – единствена од ваков вид на Балканот, која потекнува од 4 век пред нашата ера (погледнете во видеото). Истражувањата не продолжија поради немање финансиска поддршка од државата.

Лилчиќ е основач и претседател на Центарот за археолошки истражувања, Скопје, кој во периодот на 11-годишното постоење под раководство на В. Лилчиќ меѓу другото ги имал и истражувачки проект „Заштита и сочувување на културното наследство од античката цивилизација во Република Македонија“.

Центарот за археолошки истражувања заедно со археолози од Велика Британија во 2007-мата за првпат го применуваат методот на гео-магнетно мерење на еден дел од локалитетот, со кој ќе се знае во кој дел од Скупи има наоѓалишта. Овој метод во светската археологија е познат од втората половина на 20 век.

Професорот Лилчиќ во изјава за Вечер појаснува дека со овој инструмент се истражува магнетното поле на локалитетот Скупи и околината, со што ќе се овозможи пронаоѓање и мапирање на потенцијалните наоѓалишта на поширокиот терен околу Скупи.

„На овој начин се заштедуваат средства и време, вели Лилчиќ и додава дека во македонската археологија е присутна само дигиталната фотографија, а другите пософистицирани дигитални методи се уште не ни се многу познати“.

Лилчиќ реализирал и документарна ТВ емисија во должина од 30 минути под наслов Алтернативна археологија. Водител Оливер Бранковиќ дипл. историчар, стручен водител В. Лилчиќ. Емисијата е емитувана во текот на 2000 година повеќе пати на МРТВ за Република Македонија како и од МРТВ преку сателитската програма.

Сепак, како член на Македонското археолошко научно друштво, во кое Лилчиќ нема некоја активна функција во неговите тела, ниту во претседателството, ниту во одборите, пред два дена испрати рекција во одбрана на притворот на колегата Паско Кузман, во која стои:

„Во својство на негови непосредни соработници и колеги, ја изразуваме нашата резигнација од непријатната случка и од неаргументираните јавни шпекулации во врска со неа, заради фактот што професионалната соработка со него беше секогаш предодредена од почитувањето на законските регулативи што се однесуваат на заштитата на културното наследство и од почитувањето на стручните начела при реализацијата на самите ископувања.“

Како што објави НОВА, Виктор Лилчиќ е професор на Филозофскиот факултет и доктор на археолошки науки, тој самиот се пријавил на првиот јавен повик на Владата за ангажман на раководни функции. Директор на Управата ќе биде четири години, колку што трае мандатот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.