Советот на Општина Тетово прогласи тридневна жалост поради трагедијата која се случи синоќа во тетовската модуларна болница, во која загинаа 14 лица
Ова го објави градоначалничката на Тетово, Теута Арифи на прес-конференција, која изрази сочуство до семејствата на починатите и порача од институциите да ја продолжат истрагата.
– Во секое време кога ќе добиеме информации, ќе ги споделиме. Да се заблагодарам на сите сограѓани и на сите наши пријатели и во регионот и пошироко, кои се јавија и изразија подготвеност да помогнат, рече Арифи.