Published: Tuesday, February 22, 2022 17:03
Владата на денешната седница донесе измени и дополнувањa на Програмата за заштита на ранливи категории на потрошувачи на енергија за 2022 година, со цел да се овозможи еднаков третман за сите баратели при примањето на финансиска поддршка на месечно ниво по корисник во времетраење од 12 месеци.
„Според овие промени, најголем дел од вкупните буџетски средства за оваа намена ќе бидат определени за категоријата самец со 2767 барања, за категоријата двочлено домаќинство со 2105 барања, за тричлено домаќинство – 602 барања, за домаќинствата со четири члена – 612 барања и за домаќинство со пет и повеќе членови стигнаа 453 барања“, информира владината прес-служба.
Извор: МИА




