Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промоција на книгите од Ферид Мухиќ и од Ивана Тасев

0
By Нова ТВ on April 10, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамки на Саемот на книга, во петок, на 11 април од 15.00 до 16.00 часот во салата за промоции, издавачката куќа „Галикул“ ќе ги промовира книгите „Медот во крвта“ од Ферид Мухиќ и „Надвор од линијата“ од Ивана Тасев. Промотор на првата книга ќе биде Тодор Чаловски, а на втората Јане Чаловски.

Поетската книга „Медот во крвта“ е најново дело на истакнатиот македонски филозоф, есеист, теоретичар, книжевен критичар и поет, Ферид Мухиќ. Станува збор за стихозбирка чиј основен белег е љубовта и нејзината лирска транспозиција, која суверено ги носи и чува ознаките на една уверлива самоидентификација во просторот и времето како откриена смисла и вистина на своето и универзално човеково битие. Авторот пее за немирот и трагањето на “балканската нежност” и “балканскиот копнеж”, за понирањето по сталните и
релевантни поетски реалности што ги носат и изразуваат блесокот на зборовите и светлината меѓу луѓето и потребата од повеќе љубов и меѓусебно разбирање.

Песните се доживуваат како лирски љубовни записи на балканскте народи, со препознатлива и конкретна лирска инспирација, која во своите пошироки симболички асоцијации обврзно ги изразува оние творечки предизвици, кои на животот и светот му даваат смисла на неодминлива и трајна порака.

Ферид Мухиќ e aвтор е на голем број филосовски, научно-есеистички, прозни и поетски книги меѓу кои „Ноуменологија на телото“ (Табернакул, 1994) и „Големата градба и други разговори со непознатиот“ (Блесок, 2001). Главни професионални преокупации му се современата филозофија, културната атропологија, естетиката, философијата на политиката. За својот труд е добитник на повеќе домаќни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои и на Меѓународната награда “Златен Прстен за книжевен опус” за 2009 година.


Ова е прва книгата на новинарката и фотографка Ивана Тасев. Станува збор за збир на интервјуа кои таа ги има објавувано изминативе десетина години во неделното списание „Теа Модерна“ со веќе докажани и звучни имиња од „Кадињача“ бр. 2А

Овие редови, отскокнуваат од линијата на класично интервју и природно се преобразуваат во куси литерарни творби. Текстовите дотолку ги разоткриваат уметниците како личности, нивните форми на изразување, ставови, пориви, доблести, слабости, интимни размисли, нивната чувственост… што прави да се впиваат во еден здив. Тие се печат на едно време.

Доказ дека постои плодна и потентна сцена. Сведоштво за варијабилите на уметничка сцена во Македонија, изминативе десетина години. Своевиден уметнички тестамент. Транспарентно огледало на уметничката свест. Ова четиво може да биде од корист и на следните генерации, кои би сакале да го детектираат уметничкиот светоглед на респектибилните уметници од ова време.

Бидејќи, ова е книга, како слика на едно време. Достоен стремеж кон светли нешта. Минуциозен поглед навнатре. Манифест за македонска пролет.

Ивана Тасев е новинар по вокација и професија. Својата кариера ја започнува во 1992 година уште за време на студиите во Македонската телевизија, за потоа да го пронајде својот пат во печатениот медиум, каде работи и денес. По дипломирањето се вработува како новинар во новинската куќа „Денес“, и пишува за културната рубрика во дневниот весник „Македонија денес“ и во културниот и социјалниот сектор за неделникот „Денес“. Од 2003 година е вработена во најтиражниот неделник „Теа Модерна“, каде, покрај тоа што е редовен колумнист, задолжена е и за носечките интервјуа врзани со ликови од областа на театарот,
филмот, музиката, сликарството и фотографијата. Наедно се занимава успешно и со уметничка фотографија зад неа се осум самостојни постановки во земјава и странство. Активно работи и како ПР менаџер на настани врзани со културата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

ВЕСТИ October 7, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „донел одлука“ за продажба на ракети „Томахавк“ со…

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.