Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промоција на монографија посветена на Снежана Османли

0
By Нова ТВ on November 3, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска во Салонот 19, 19 ќе биде промовирана монографијата „Снежана Османли – жената која можеше да гледа и зад ридот” од Атанас Кировски. Дизајнот на репрезентативната книга е на Ѓорѓи Бакуле, а техничкото уредување на Гордана Војнеска. Издавач на книгата е ИП „Култура”.

Промотори ќе бидат Трифун Костовски и акад.Таки Фити.Книга вклучува искази и сеќавања на 25 истакнати личности од дипломатскиот, политичкиот, научниот, деловниот и општествениот живот посветена на личноста и дејноста на М-р Снежана Османли (1954-2013).

Помеѓу авторите на прилозите се појавуваат амбасадорите Виктор Комрас, Патрик Крисман, Филип Рикер, Љубица Ж. Ачевска, но и истакнатите домашни политички фигури како Д-р Јаков Лазароски, М-р Петар Гошев, Исмет Рамадани, акад. Таки Фити, акад. Луан Старова, Д-р Љубомир Д. Фрчкоски, Д-р Јане Миљовски, Ѓунер Исмаил, интелектуалци и книжевници како Благоја Иванов, Ристо Лазаров и Д-р Маја Бојаџиевска, новинари и аналитичари како Бранко Героски, Д-р Сашо Орданоски, Горан Михајловски и Ацо Кабранов.

Биографијата содржи и три политилошки погледи на Снежана Османли: „Економските и развојни перспективи на Македонија на прагот од новиот милениум”, „Долгорочна национална стратегија за надворешната политика на Македонија” и текстот „За политиката на еквидистанца кон соседите”.

Снежана Османи, беше угледен и влијателен политички работник, сведок и учесник во преломните мигови на современиот македонски општествен и политички процес, од преминот на социјалистичкото во плуралистичкото општество, до македонската независност и стекнувањето меѓународен легитимитет. Таа беше понекогаш единствен сведок, а редовно активен и позитивен учесник во процесите на првичната демократизација, плурализација и државно осамостојување на Република Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.