Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промоција на „Невозможни исповеди: Субјект, моќ и етика“ од Славчо Димитров

0
By Нова ТВ on November 26, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Утре (27.11) во 19 часот во клубот ГЕМ ќе биде промовирана книгата „Невозможни исповеди: Субјект, моќ и етика“ од Славчо Димитров во издание на ГАЛИКУЛ – Скопје.

Книгата ги иследува и проблематизира комплексните и многустрани модуси на испреплетување и сопоставување, низ современ и дијахрониски ракурс, на дискурсите на исповед и конституцијата, перформацијата и деконструкцијата на категоријата на субјектот како доминанта епистемолошка и политичка оска на Западната европска цивилизација.

Во својата книга Димитров проектот го реализира преку интеграција на неколку клучни методолошки парадигми, како генеалогијата на субјектот на Мишел Фуко, деконструкцијата на Жак Дерида, критичко читање на дијалектиката на Хегел, и постструктуралистичката и феминистичка критика.

Предмет на интерес на книгата е можноста за критика, проблематизација и деконструкција на субјектот во неговата поставеност во рамките на исповедниот дискурс, што понатаму отвора можности за преобмислување на етичките односи со Другиот и со себеси, како поле на политичкото и политичкото дејствување отаде јазот на исповедта, вистината и субјективноста/идентитетот.

Во книгата Димитров го анализира односот меѓу исповедните карактеристики на субјектот и современиот политички поредок (демократија и неолиберализам) и прерогативи, како и последиците на исповедниот дискурс и идентитет врз политичкиот активизам, односно формите на политизација на идентитетот.

За книгата ќе говорат проф. Јелисавета Блогојевиќ, филозоф и квир и родова теоретичарка, од Факултетот за медиуми и комуникации -СИНГИДУНУМ во Беград, и проф. Јасна Котеска, книжевна теоретичарка и теоретичарка на културата, од УКИМ, Скопје. 

Книгата е издадена на македонски и англиски јазик во издавачката програма на ГАЛИКУЛ за 2014 година. Истата е финансиски подржана од Министерството за култура на Република Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

ВЕСТИ November 4, 2025

И покрај тоа што го смени името во 2019 година за да го реши спорот…

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.