Амбасадите на Словачка и на Унгарија во Скопје, во рамките на европската културна манифестација „Кошице – европски град на културата“, во среда, во Амбасадата на Словачка, организираат промоција на романот „Свеќите горат до крајот“ од унгарскиот автор Шандор Мараи (роден во Кошице, денешна Словачка)
Романот на македонски јазик го преведоа Анамарија Цинеге-Панзова и Златко Панзов, а издаден е од издавачкиот центар „Три“ во 2012 година.
Ќе се обратат претставниците од двете амбасади и на издавачот, а беседа за романот ќе одржи д-р Звонко Танески.