Промоцијата на песната и видео спотот „Деца на Сонцето“ од Влатко Стефановски ќе се одржи утревечер, на 5 ноември, во 19 часот, во МКЦ – клубот и ресторан.
Ова е насловниот сонг од истоимениот филм, кој е во режија на Антонио Митрикески. Инаку, Стефановски ги потпишува и останатите музички парчиња од саундтракот за филмот.
На средбата со новинарите покрај Влатко Стефановски и режисерот Митрикески ќе бидат и актерите од филмот Ивана Павлаковиќ, Владо Јовановски, Мето Јовановски, Милица Стојанова…
Филмот „Деца на сонцето“ во моментов е во постпродукција, а се снимаше во текот на изминатово лето. Негова премиера се очекува во почеток на следнава година.