Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промовирана публикацијата „Од Букурешт до Преспа“

0
By Нова ТВ on February 10, 2020 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Публикацијата се темели на сведоштва за едно време-невреме кое во колективната меморија на нашите граѓани ќе остане запаметено како темно, кога Европа нѐ етикетираше како „заробена држава“ и кое од оваа исклучително кратка историска дистанца, ќе ги запаметиме како „загубено време“

„Македонија од Букурешт до Преспа- Сведоштва на едно време: Македонија 2008-2018“ е насловот на публикацијата која денеска Фондацијата отворено општество го промовираше во Даут Пашиниот Амам. Публикацијата се темели на сведоштва за едно време-невреме кое во колективната меморија на нашите граѓани ќе остане запаметено како темно. Тоа се годините кога Европа нѐ етикетираше како „заробена држава“ и кои, од оваа исклучително кратка историска дистанца, ќе ги запаметиме како „загубено време“

– Најсилниот мотив да пристапиме кон изработка на еден ваков зборник беше за да се обидеме барем делумно да придонесеме кон колективното паметење или да се спротивставиме на заборавот. Во случајов мотивот беше да запишеме за да не заборавиме, за да никогаш повеќе не ни се повтори, рече денеска на промоцијата, извршната директорка на Фондацијата Фани Каранфиловска Пановска.

Публикацијата која е во издание на ФООМ е издадена на три јазици – македонски, албански и англиски јазик. Авторските текстови, како што соопшти Каранфиловска Пановска, се дело на 14 реномирани имиња – новинари, интелектуалци, граѓански активисти, кои се директни сведоци и учесници во тој период.

– Се определивме да поканиме автори да подготоват свои текстови во кои независно и критички ќе ги интерпретираат настаните и феномените што ја одбележаа таа декада и притоа елаборирајќи ги своите ставови и согледувања во комбинација или поткрепени со изјави и интервјуа со трети лица кои најчесто беа директни учесници и двигатели на општествените случувања во тој период и тоа како носители на државни или партиски функции или како претставници на стручната и академската фела, граѓански активсти и во комбинација со посочување на факти кои постојат запишани во некои различни документи, извештаи кои се зачувани во странски и домашни архиви, напорот беше да обезбедиме колку е можно објективен поглед на настаните, рече директорката на Фондацијата.

Таа вели дека концептот на оваа публикација во која авторите се сведоци на тоа време, а текстовите се нивни директни сведоштва, дава малку поинаква димензија од причина што сведоштвата се крајно лична, интимна категорија, што ги прави и да бидат крајно субјективни.

– Зошто токму од Букурешт до Преспа, затоа што тоа е една важна историска отсечка, чии два краја т.е. ниту еден од нив не е еднозначна равенка, барем не од денешна перспектива, додаде Каранфиловска Пановска.

Членот на Управниот одбор на ФООМ Гордан Георгиев смета дека со публикацијата ќе се остави една трага за тоа време.

– „Македонија од Букурешт до Преспа“ е публикација втемелена на сведоштва. Сведоштва за едно време-невреме кое во колективната меморија на нашите граѓани ќе остане запаметено како темно. Тоа се годините кога Европа нѐ етикетираше како „заробена држава“ и кои, од оваа исклучително кратка историска дистанца, ќе ги запаметиме како „загубено време“. Но, зборникот не трагата на загубеното време. Зборникот е тука за да ја зачува таа деценија во колективната меморија на граѓаните и да остави печат за едно време кое не сакаме никогаш да се врати и повтори, прочита Георгиев од воведот на публикацијата.

Автори на публикацијата се Васко Маглешов, Катерина Блажевска, Љупчо Поповски, Милка Смилевска, Владимир Милчин, Билјана Бејкова, Сефер Тахири, Мери Јордановска, Сашка Цветковска, Менче Атанасова-Точи, Дејан Азески, Гордана Дувњак, Искра Новаковска и Назим Рашиди, како релевантни пишувачи, и професионално, но и во тестимонијална и етичка смисла. Луѓе коишто, пред сè, со својот збор, а некои и со активистичка работа се вградиле во објаснување на природата на претходниот режим, но и во неговото демонтирање.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.