Хелсиншкиот комитет за човекови права викендов промовираше видео игра со која се подига свесноста кај младите за проблемите и потребите на лицата во инвалидски колички.
Неколку часа во јавна соба дел од децата ја играа играта на лаптопи и компјутери, а останатите боеја во боенка наречена „рака што помага“. Целта на оваа игра е децата да ги разберат различностите и да се поттикне меѓуетничка толеранција.
Проектот под кој е промовирана оваа игра е наречен „поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите“, а е поддржан од британската амбасада.
[polldaddy survey=”8A989992862E61CA” type=”slider” title=”Учествувајте во нашата анкета!” body=”Дали Ви се
допадна содржината на видеото?” button=”Започнете »”]

