Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пронајдена масовна гробница во Европа, извлечени 1.000 тела

0
By Marija Todorovska on March 12, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 12, 2024 17:45

Во јужна Германија, археолози откопаа скелети на 1.000 жртви на чума во неколку јами. Според наводите, ова е најголемата досега ископана масовна гробница во Европа.

Ископувањата, инаку извршени пред планирани градежни работи на Градот Нирнберг, открија осум јами, секоја исполнета со стотици скелети на возрасни, деца и бебиња од крајот на 15-от до почетокот на 17. век. Археолозите пронајдоа и парчиња од грнчарски садови и сребрени парички во две од трите јами каде што потфатот заврши. Радиојаглеродното датирање покажа дека ќерамиката се совпаѓа со чумата што се случила меѓу 1622. и 1634 година, додека монетите сае датирани околу 1619 година, соопшти компанијата за археолошки ископувања „Ин тера веритас“ (In Terra Veritas).

– Вакво откритие никогаш досега не се случило и, искрено, никој не мислеше дека тоа е можно. Наоѓалиштето е од огромно значење за градот Нирнберг. Нирнберг претрпел низа епидемии на чума меѓу 1533. и 1634 година коишто заедно ги однеле животите на приближно 30.000 луѓе… Додека телата се натрупувале, управителите наредиле мртвите да бидат закопани во масовни гробници пред дворовите на црквите во градот, изјави Мелани Лангбејн од Одделот за наследство на Нирнберг.

Луѓето закопани според средновековните христијански традиции, биле положени со главите свртени кон запад и нозете свртени кон исток – „за да го видат Христос како доаѓа од исток во времето на пропаста“, се вели. Новите ископувања, од друга страна, открија скелети распоредени во седечка положба, свртени во различни насоки и наредени еден врз друг за да го пополнат секој дел од расположливиот простор.

Досега само три од осумте јами се целосно истражени. Во една од нив има 280 тела, во друга – 150 тела, но дури и таа бројка е неизвесна поради експлозијата на бомба во близина, фрлена во Втората светска војна којашто разнесла некои од скелетите во 1943 година. Флоријан Мелцер, антрополог во „Ин тера веритас“, вели дека археолошките потфати продолжуваат.

– Скелетите се во многу добра состојба за испитување, и покрај уништувањето што им се случило. Сега може подробно да ги прикажеме сите податоци што ни ги нудат овие коски, на пр. – преваленцата на различни видови рак, генетските мутации што се појавуваат во черепот, утврдувањето на возраста и полот, забниот статус и заклучоците од сè тоа за општото здравје и животните околности во она време, изјави Мелцер

Археолозите извадија вкупно 1.000 тела од земјиштето, но се очекува тој број да надмине 1.500 починати наредниве недели, бидејќи ископувањата продолжуваат.

Германија Гробница скелети
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 31, 2026

ССМ денеска на прес конференција ги најави блокадите

ВЕСТИ January 31, 2026

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, на прес конференција соопшти дека…

Камерите на Безбеден град од утре ќе регистрираат казни – ќе санкционираат од 15 до 200 евра и ќе сведочат за одзема дозволи

January 31, 2026

Трамп: Со голема армада се движиме кон Иран па ќе видиме што ќе се случи натаму

January 30, 2026

ЦИВИЛ ги повика сите хумани луѓе да се приклучат на хуманитарната акција: Топлина за Украина

January 29, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.