Меѓу две згради во Мнехетен, Њујорк во близина на местотo каде речиси пред 12 години се случи нападот врз Светскиот трговски центар денеска се пронајдени делови на еден од киднапираните авиони, кои на 11 септември 2001 година се заби во една од кулите близначки.
Како што јавува CNN полицијата јавува дека сосема случајно работниците нашле делови од авионот, по што ги повикале службите, кои утврдиле дека на делот, за кој тие мислеле дека е од некоја машина, јасно се гледа идентификацискиот број на авионот Боинг.
„Полицијата ja обезбеди локацијата која се третира како место на злосторството“, соопшуваат од полицијата за CNN.