Банкротира австриската градежна фирма Алпине бау што ја гради новата зграда на скопското јавното претпријатие „Водовод и канализација“, како и две делници од железничкиот Коридор 10.
Според информациите објавени во австриските весници, фирмата пропаднала оти не успеала да се договори со доверителите за реорганизација на обврските во висина од 2,6 милијарди евра, објави Вест.
Од ЈП Водовод и канализација сe уште немаат официјална потврда за тоа од австрискиот партнер и велат дека веста за пропаѓањето на фирмата ја слушнале на телевизија.
Согласно со потпишаните договори, новата зграда на „Водовод“ треба да биде готова до крајот на 2014 година. Таа се гради во барок стил и, според проектот, треба да биде на пет ката и три нивоа за подземно паркирање.