НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пропаднаа преговорите во Брисел

0
By Светлана Јовановска on June 11, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Бриселските преговори пропаднаа вчера. По 12 часа преговори стаса порака дека состанокот е завршен и дека македонските лидери не успеале да се договорат. А Али Ахмети, велат извори на НОВА, најавил дека е можно ДУИ да излезе од Владата.

Своето разочарување на Твитер веднаш го изрази комесарот Јоханес Хан.
„Сè уште нема конечен договор во преговорите за БЈР Македонија. Мошне сум разочаран од недостигот од одговорност и лидерство кај некои“.

„Граѓаните заслужуваат повеќе: демократија, владеење на законот и европска иднина. Не се откажуваме!“, напиша Хан.

Овој неуспех беше за него втор во еден ден откако попладнето мораше да го откаже патувањето во Босна за 11 јуни поради одлагањето на тркалезната маса на лидерите на водечките политички партии на која требаше да се договори пакетот реформски мерки.

Според изворите на НОВА, во текот на преговорите Груевски не се согласил да ја напушти премиерската функција во средината на октомври како што бил компромисниот предлог. Тој понудил да замине од функцијата на крајот на оваа или почетокот на идната година, на 3 или 4 месеци од предвремените избори. Освен тоа Груевски бил подготвен на СДСМ да му го даде местото на претседател на Собранието како и ко-министри кои би имале право на вето на секоја одлука. Но токму временскиот период на условно повлекување од функцијата премиер не можел да биде договорен.

Но Груевски не отстапувал од позицијата да остане на водечкото место во идната Влада се додека не почнат изборните рокови. Предлог што СДСМ не можел да го прифати поради своето ветување дека потпишувањето на договорот за избори во април ќе пропадне ако на 10 јуни не биде договорена преодната влада во која Груевски нема да биде премиер.

Во текот на 12 часа преговори притисокот врз Заев и Груевски бил голем. Имало разни предлози кои доаѓале од европската страна па дури и понуди во кои се велело дека СДСМ може да го прифати предлогот според кој Груевски останува премиер до 2016 година бидејќи, како што било речено, дотогаш Груевски ќе мора да замине поради криминалните активности кои ги открија снимките. Но, опозицијата рекла нема доверба во ветувањата кои остануваат нереализирани доколку нема сериозен притисок врз власта, притисок кој за СДСМ не бил очигледен.

Според дипломатски извори, Али Ахмети, лидерот на ДУИ, рекол дека тој наскоро, можеби утре, ќе најави дека ја напушта владината коалиција со што би предизвикал брзо одржување на предвремени избори. Но немаше потврда дека лидерот на ДУИ навистина има намера да ја напушти владата и какви последици тоа ќе предизвика. Останува да се почекаат идните чекори на Ахмети.

Никола Груевски ја фрли сета вина за неуспехот на преговорите врз Зоран Заев:

“Вака да ви кажам. Ние денес преговаравме повеќе од 12 саати и мојата крајна констатација е следна. А тоа е дека г-динот Заев ниту сакаше да има договор ниту пак дојде до тоа. Тој не дојде да се договори. Тој дојде за да не се договори. Човекот се плаши од избори. Тој знае дека на наредните избори ќе доживее тежок пораз и најголемото фијаско на СДСМ досега во неговата историја. Ни договор сака ни избори сака. Тоа е целиот проблем.

Атмосферата што тој ја градеше во претходните денови покажува дека не сака договор. Брифинзите и интервјуата што ги даваа укажуваа дека ќе се оди на варијанта да нема договор. Ако има договор човекот треба да се појави на избори. И ќе изгуби со најголем пораз.

Тој сака да не се појави на избори и колку што може поголема штета да и направи на државата. Да се запре отварањето на нови работни места верувајќи дека во таков еден хаос што ќе го предизвика дека тој и СДСМ ќе можат нешто политички да добијат. Ни договор, ни избори, само правење економска штета на Македонија.

За да се реализира договорот за избори денес требаше договор како да се организираат. Тој бега од избори. Поставува такви услови што однапред знае дека не може да се договори. Така што целта не е да се договори.Целта му е да се разреши некаква криза, да почне да тоне економијата и избори да нема”, рече Груевски.

На прашањето дали прифаќа преодна влада, Груевски не даде конкрентен одговор туку вели:

“Денес имаше многу шпекулации. Да беа точни тие шпекулации, меѓу кои и ова, вечерва ќе имавме договор. Зошто немаме договор? Затоа што сите шпекулации што ги добивавте од СДСМ беа неточни.

Присутните новинари не разбраа дали прифаќањето на преодната влада е шпекулација или барање на СДСМ па на дополнителното прашање кои се работите за кои не можеше да се најде договор, одговорот на Груевски беше:

“Човекот дојде да не се договори. Тој дојде со такви изградени позиции што други му ги градат. Дали НВО дали универзитетски професори или некои уредници на весници. Тој доаѓа со тоа за да не се договори. Договорот ќе значи чист пат за предвремени избори на кои треба да се соочи со народ. Не со Никола Груевски туку со два милиона гласачи. Тој не сака да се случат изборите и да нема договор за да се одложат изборите и економијата да трпи”, вели Груевски.

Лидерот на опозицијата со оваа изјава не се согласи:

“Имам многу сведоци кои можат да кажат дали денешните преговори беа неуспех или не. Важно е што останавме на ставовите кои не се само наши. Тоа се единствено можни принципиелни ставови кои гарантираат фер и демократски избори. Ако на крајот на април кога треба да се одржат да можеме да подадеме рака без оглед на тоа кој ќе добие а кој ќе изгуби. Тоа е возможно само ако предусловите за нивно фер одржување бидат според критериумите на граѓаните. Тоа со Груевски не е возможно. Тој е главниот виновник за сите криминали. Не може човекот кој е главен во проблемот да биде и решение за проблемот. Избори со Груевски не можат да бидат фер.

Се надевам дека денес им стана малку повеќе јасно на нашите европски пријатели, кои вложија огромни напори, и дека разбраа како да се вратиме во нормала. Да ги подготвиме изборите да бидат регуларни и фер и истовремено да ги вратиме во нормала институциите за нашите граѓани и само така имаме шанси да напредуваме кон ЕУ и НАТО”, вели Заев.

Според него наредните чекори се разговори и повеќе демократски средства:

“Гледате дека сме решителни да најдеме излез од кризата и тоа секако може да се прави само низ разговори. Ова што се случува во Македонија мора да биде разбрано од европските и американските пријатели. Ако дозволиме оваа работа вака да продолжи тоа сигурно ќе донесе слични ситуации на Балканот и не е во полза ни на Македонија и на другите земји. Ни стојат на располагање сите демократски средства а нив ги има многу. Оставаме шанса да продолжат разговорите. Тоа ги најави и комесарот Хан. И паралелно и други активности за да им докажаме на сите дека нашите барања се правични. Не се тоа суети на опозицијата. Тоа се гаранции за Македонија за да се создадат услови за фер избори и да се вратат корективите во опшеството. Да гласаме слободно а потоа, тој што ќе ја добие честа да ја води државата, не мисли на силата на граѓаните”, вели Заев.

Тој најави дека “бомбите” ќе продолжат:

“Продолжуваме со докази и аргументи внимателно како и досега без да навлеземе во приватниот живот на политичките противници. Тоа го правиме во функција на изградените ставови што ги имаме. Тоа е случајот Монструм, А1, унверзитетот, спортски организации и други криминални дејствија на премиерот и неговите соработници. За да сфатат сите, и меѓународната заедница, со каков човек имаме работа. Но и она за владиниот партнер ДУИ”, најави Заев за наредните денови.

Во меѓувреме стаса и соопштение од ЕУ која бара од Македонија да излезе со конкретни предлози:

“Европската унија ги повикува сите страни во интерес на својата земја и нејзините граѓани да се најде траен политички компромис без одложување и да се излезе со конкретни предлози за оваа цел, за дефинирање на веќе постигнатиот договор во Скопје на 2 јуни. Определбата за реформи содржани во него, на која се посветени сите партиски лидери мора да се спроведе како итно прашање Ова е од суштинско значење за земјата да направи каков било напредок на патот кон евроатлантските интеграции. Европската комисија сега ќе разгледа како да придонесе најдобро за политичкиот процес во земјата и останува подготвена да ги олесни дискусиите», се вели во изјавата на ЕК.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.