Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пропагандна артилерија за спас на Орбан: Кој сѐ е ѓуле во операцијата „лажно знаме“

0
By Zoran Ivanov on April 7, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 7, 2026 09:38

Инцидент или пропагандна операција? Експлозивите „пронајдени“ во близина на енергетска инфраструктура во Србија отвораат сомнежи за контролирана криза со цел да се изврши влијание врз изборниот исход во Унгарија во корист на Орбан.

Џабир Дерала

Наводите за сериозен безбедносен инцидент во Србија – пронајдени експлозиви во близина на гасовод што ја снабдува Унгарија – отворија простор не само за алармантни прашања, туку и за опасни наративи со потенцијал да влијаат врз политичките процеси во регионот.

Според лондонски „Гардијан“, инцидентот избива само неколку дена пред парламентарните избори во Унгарија, што веднаш ја подигна политичката температура. Во јавноста веќе циркулираат обвинувања, сомнежи и шпекулации – вклучително и тврдења дека станува збор за можна операција „лажно знаме“ во која се имплицира и Северна Македонија.

Извор на ЦИВИЛ Медиа од безбедносната експертска заедница предупредува дека постои реална можност настанот да биде инструментализиран за обвинување на Украина, со цел дополнително да се засилат веќе агресивните пропагандни наративи на Виктор Орбан против официјален Кијив.

Но, токму тука започнува сложената и опасна игра помеѓу фактите и нивната политичка интерпретација.

Што е познато, а што не се вклопува

Официјален Белград тврди дека се пронајдени експлозиви во близина на клучна енергетска инфраструктура, со потенцијал да предизвикаат сериозни последици за енергетската стабилност и безбедноста во земјата и во регионот.

Но, според изворите на ЦИВИЛ Медиа, ваквата верзија отвора сериозни сомнежи.

„Тврдењата не се вклопуваат во основната логика на изведување диверзии врз критична инфраструктура. Ова не е начин на кој се поставуваат и активираат вакви операции“, вели нашиот извор.

Искуствата покажуваат дека овој „инцидент“ не е добро подготвен ни од пропаганден аспект, односно звучи неубедливо.

„Случајно може да се најде муниција заостаната од конфликт – но не и ваков тип на поставен материјал со наводна стратешка цел“, додава тој.

Во регион во кој голем број луѓе имаат војничко и воено искуство, овие наводи не наидуваат на доверба.

Од друга страна, без оглед на тоа колку еден пропаганден наратив звучи наивно, тоа што е важно е колку агресивно се пласира во јавноста за да предизвика конфузија, недоверба и страв.

Впрочем, овој наратив е во служба на интересите на Орбан кој овие информации може лесно да ги препакува во нов пропаганден бран со обвинувања насочени кон Украина, сега веќе со вклучени безбедносни димензии.

Тајмингот не е случаен

Оваа сторија се појавува во исклучително чувствителен политички момент – непосредно пред клучните избори во Унгарија.

Во такви околности, секој безбедносен инцидент – вистински или конструиран – автоматски добива политичка тежина.

Затоа, не е изненадувачки што политички и безбедносни аналитичари веќе јавно ја истакнуваат можноста дека се работи за т.н. операција „лажно знаме“ – термин со кој се означува инструмент што се користи во операции чија цел е да се префрли вината на друга страна или да се манипулира со јавноста.

Координирана операција за спас на Орбан

Паралелно со официјалните информации, на социјалните мрежи се шират тврдења за поширока, координирана операција за спас на Орбан поврзана со бизнис и медиумски мрежи блиски до Орбан, со наводно учество на актери од Србија, Босна и Северна Македонија.

Според овие тврдења, крајната цел не е само политичка мобилизација – туку создавање услови за одложување на изборниот процес во Унгарија. Во овој момент, овие тврдења не се потврдени од релевантни медиуми или институции. Но, нивното појавување – во ваков тајминг и во ваков контекст – не може да се третира како случајно.

Доколку овие наводи се покажат како точни, тоа може да значи само едно – Орбан веќе не стравува, туку знае дека неговиот изборен пораз е неизбежен. Односно дека тој веќе го става во функција сценариото во кое изборниот пораз не може да се избегне ни со изборна измама и купување гласови, туку дека мора да вклучи и „тешка артилерија“.

Во тој случај, безбедносниот инцидент би бил само дел од поширока стратегија во која спаѓа и создавање криза, мобилизација преку страв, и отворање простор за вонредни политички потези.

Информациска војна во реално време: Скопје виа Будимпешта

Во овој момент се одвива интензивна информациска и психолошка операција.

Антиукраинските наративи се во срцето на предизборната стратегија на Орбан – со поддршка од Кремљ, синхронизација преку регионални прокси структури, и засилување преку глобалната крајна десница, вклучително и MAGA мрежите.

Во таа архитектура, улогата на Белград и Скопје станува сè повидлива – не само како политички партнери, туку како оперативни канали.

Во таа мрежа, улогата на Белград и Скопје полека станува сѐ повеќе видлива и отвораа дополнителни сомнежи за прекугранични злоупотреби кои одат подалеку од политичко партнерство. Тие се оперативни канали.

Дополнителен слој на сомнеж отвораат и зачестените политички контакти меѓу Будимпешта и владините структури во регионот, вклучително и зачестените посети на македонскиот владин врв од почетокот на годината, а особено неодамнешната средба на премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски со унгарскиот властодржец.

Ова само по себе не е доказ. Но, во комбинација со останатите елементи, станува дел од поширока слика што не може да се игнорира.

Така, Мицкоски е дел од мозаик што веќе добива јасна форма.

Пропагандна артилерија

Во вакви услови, наративите не мора да бидат точни за да бидат ефективни. Напротив, доволно е да бидат интензивни, драматични и политички употребливи, за да ја обликуваат јавната перцепција, да создадат конфузија и да ја парализираат јавноста.

Во таква атмосфера, изборниот процес станува ранлив – не само на манипулација, туку и на обезвреднување и делегитимизација. Меѓу другото, тоа може сериозно да влијае врз излезноста, особено на неопределените и опозициски настроените гласачи.

Не може и не смее да се игнорира поширокиот контекст на долгорочни политички, медиумски и економски врски меѓу Будимпешта и одредени кругови на Балканот.

Бизнисменот Петер Шац, дел од најтесната орбита околу Орбан, веќе одамна има воспоставено медиумско присуство во Северна Македонија, вклучително и сопственички удели во телевизиски и медиумски структури. Тие структури беа интензивно вклучени во пропагандни операции во клучни процеси, почнувајќи од Преспанскиот процес и попречувањето на евроатлантските интеграции, до пропагандните удари врз Специјалното јавно обвинителство и уривањето на владата на СДСМ, па сѐ до жестоката проруска кампања во јавниот дискурс во земјата.

Операцијата започна – до каде ќе се оди со нејзината реализација? 

Руското и српското влијание во медиумскиот простор во земјата е добро документирано и во последните години функционира со значително помал отпор, а сѐ повеќе со поддршка од власта.

Во таков амбиент, инфраструктурата за координирани информациски операции веќе е воспоставена и може да се стави – ако веќе не е ставена – во функција на пропагандни операции и влијание врз изборните процеси, вклучително и во Унгарија.

И токму затоа, ова повеќе не изгледа како изолиран инцидент или случајна медиумска конструкција.

Сè повеќе личи на активирање на веќе подготвен механизам. Ако ова сценарио се покаже како точно, тогаш не зборуваме за инцидент, а уште помалку за вообичаена политичка поддршка, туку за контролирана ескалација со јасна политичка цел.

Сега прашањето не е дали постои операција, туку колку далеку ќе оди.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

Орбан Путин Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
ФОКУС
April 12, 2026

ФОП за финалната верзија на законот за високо образование: Консултациите беа театар во кој студентите и професорите беа статисти

ВЕСТИ April 12, 2026

Весна Јаневска за изработката на законот за високо образование патуваше од град во град, организираше…

Денеска е Велигден – ден на Христовото воскресение

April 12, 2026

По 1.117.515 километри и круг околу Месечината НАСА го спушти Орион на Земјата

April 11, 2026

Руте: Трамп е во право за Гренланд

April 9, 2026
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.