Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест на производителите на јаболка во Преспа: Откупната цена не ги покрива трошоците

0
By Нова ТВ on February 17, 2019 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Производителите на јаболка од Преспа денеска на мирен протест кај местото викано Макази го изразија незадоволството од откупот на јаболката и побараа итна средба со премиерот Зоран Заев.

Тие бараат продолжување до 30 јуни 2019 година на интервентната мерка од 3 денари за килограм откупено индустриско јаболко, која важеше до 25 декември лани. Исплаќање на субвенциите за одржување по хектар за 2018 година најдоцна до март годинава заради тековните активности на терен, исплата на штети од доцните пролетни мразови за 2016 година и дел од штетите за 2017 година.

Претседателот на Здружението на овоштари во Преспа Љубе Пампулевски посочи дека во магацините и складиштата имало над 50.000 тони јаболка или половина од родот од 2018 година, од кои добар дел би завршиле како индустриско во преработувачките капацитети.

– Откупната цена е пет до шест денари по килограм јаболка за прва класа и не ги исполнува ниту производствените трошоци, кои за минатата реколта изнесуваат околу 8 денари. Просечна сума од осум денари беа трошоците за 2018 година, бидејќи имаше богат род, други години трошоците биле и поголеми, изјави Пампулевски.

Откупот, според него, оди отежнато, со слаба динамика, а имало и периоди кога бил замрен.

-Имаме голема количина јаболка во магацините. Да не се довоедеме во ситуација покрај економската катастрофа да дојде и до еколошка, да ја загадиме околината, но и Преспанското Езеро, рече Пампулевски.

Преспанските јаболкопроизводители бараат и трајно решавање на пласманот со јаболката за во иднина да нема вакви состојби, креирање политика и стратегија на подолг рок, изградба на откупно дистрибутивни центри, формирање задруги, како и банкарска гаранција за откупувачите за да не бидат излажани овоштарите.

Меѓу другото тие се соочуваат и со проблеми со осигурителните компании околу проценките на штетите на терен, а имале и пробелм со промената на критериумите во ИПАРД огласот за набавка на нова механизација.

За време на протестот два часа, односно од 10 до 12 часот беше затворен патниот правец од Макази кон Претор, а кратко беше блокиран и регионалниот пат Битола Ресен

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.