НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест против Трамп со прикажување на филмот „1984“ на Џорџ Орвел

0
By Нова ТВ on March 30, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Романот на Џорџ Орвел „1984“, издаден 1949 година, го опишува тоталитарното општество во кое оние што се на власт ги користат најсовремените технологии и психологијата за да владеат со народните маси. Откако Доналд Трамп стана претседател, „1984“ стана една од најпродаваните книги на „Амазон“, а сега арт кината во САД и Европа во знак на протест против претседателот на Америка, ја прикажуваат филмската адаптација на романот.

„1984“ е најпознатиот роман на Орвел, симбол на предупредување на идните генерации од опасноста на тоталитарниот режим, а неговата популарност го достигна врвот последните месеци откако светот е соочен со апсурдноста на политичкото владеење на Доналд Трамп.

Во знак на протест против загрозувањето на слободата на мислата и демократијата, кинотеките во 165 американски градови и 43 држави на 4 април ќе ја прикажат филмската верзија на книгата на Орвел со Џон Харт во главната улога од 1984-та година.

„Многумина од нас се свесни за тоа дека вистинските човекови вредносни денеска се загрозени. „1984“ на Орвел проговори токму за тоа и затоа не треба да се чудиме зошто таа книга и денес е актуелна“, изјави Дилан Сколник, директор на Синема Артс Центар и еден од организаторите на прикажувањето на филмот низ Америка.

Главниот лик на романот е Винстон Смит, ситен службеник во Министерството за вистина, задолжен за режимска пропаганда, кој станува разочаран од својот живот и се обидува да направи радикална промена која завршува со негово апсење и мачење. Всушност се работи за личното искуство на авторот поврзано со шпанската граѓанска војна, но и презирот против идеологиите на фашизам и комунизам.

Датумот на прикажување, 4 април, не е случаен. Имено, на тој ден во романот е почетокот на бунтот на главниот јунак, кога Смит почнува со забрането пишување на сопствен дневник.

Портретот на Орвел на влада која произведува сопствени факти, бара потполна послушност и ги уништува своите непријатели, никогаш не била поактуелна, пишува во службената најава за прикажување на филмот.

„Време е да заземеме став и да почнеме борба за зачувување на слободата на говорот, почитување кон сите луѓе и вистината“, стои во најавата.

Една од главните теми на „1984“ е цензурата на Министерството за вистина, каде фотографиите се ретушираат, а јавните архиви се менуваат, за да се ослободат од „незгодните луѓе“.

Џорџ Орвел бил псевдоним на британскиот пистател и новинар Ерик Артур Блер. Почина од туберколоза на 47 години, само една година по издавањето на „1984“, чија популарност не ја доживеа.

1984 Доналд Трамп. кинотеки Џорџ Орвел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.